ФТ: Пркос на кинеските извозници – Америка е само „хартиен тигар“

И покрај растечките економски притисоци од трговската војна со САД, кинеските извозници од градот Јиву изразуваат самодоверба дека ќе ја издржат кризата, повикувајќи се на национална решеност и солидарност со погодените индустрии, објави „Фајненшл Тајмс“

-

И покрај ескалацијата на трговската војна со САД, кинеските извозници од градот Јиву — познат по масовното производство на евтини производи за извоз, од божиќни украси до кампањски капчиња со слоганите на Доналд Трамп — остануваат решени дека ќе ја надминат кризата, објави угледниот Фајненшл тајмс.

„Трамп сака да ни земе дел од колачот, но Кина возврати со свои тарифи и ќе победи,“ изјави за Фајненшл тајмс извозникот Кени Ќи, стоејќи зад пулт полн со МАГА маички. Тој верува дека американскиот претседател ќе попушти „за најмногу две недели“, откако Пекинг воведе контратацарини до 125 отсто.

Кинеската влада, со засилена националистичка реторика, се повикува на изјави на Мао Це Тунг за време на Корејската војна.

„Америка е само хартиган тигар. Едно боцкање, и ќе пукне“, гласи една од често цитирани фрази од Мао. Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи обајви на социјалната мрежа X видео од говорот на поранешниот претседател на Народна Република Кина во кое тој ја кажува оваа реченица.

Освен тарифите, Пекинг најави и ограничувања за американски филмови, предупреди да не се патува и студира во САД, а државните медиуми известуваат за наводни „кризи со основни намирници“ во Америка, вклучително и „недостиг на јајца и масло“.

Ние Зицин, сопственичка на фабрика за хелоуин-декорации, вели дека ја изненадила и разочарала агресивната политика на Вашингтон, но одбила да ги намали цените за американските купувачи и покрај падот на нарачките и отпуштањата. „Ние Кинезите знаеме како да издржиме. Имаме навика да штедиме и да се жртвуваме кога е потребно“, вели таа.

Иако Јиву извезува и во Европа и во земјите во развој, поголемите производствени капацитети во други делови од Кина се соочуваат со поголеми ризици. Во фабриката на Фокскон во Џенгџоу, каде се склопуваат Ајфон уреди, работниците стравуваат од кратења. Епл веќе ги зголеми испораките на Ајфони од Индија кон САД за да го намали ризикот од кинеските царини.

Сепак, американскиот пазар останува незаменлив. „Тоа е најголемиот пазар на светот“, вели вработен во логистичка компанија од покраината Жеџијанг. „Можеме да диверзифицираме, но Америка останува клучна“, додаде тој.

Во знак на солидарност, производители од Јиву нудат помош на поголемите компании од други региони, отстапувајќи им ги своите клиенти од земјите во развој. Иако во минатото тие компании гледале со потценување на помалите извозници, сега бараат поддршка.

За Кени Ќи, производителот на МАГА-мерч, нема дилема.

„Купувачите на Трамп се подготвени да платат колку и да чини. Производ што чини 1 долар, со тарифи ќе биде 3, но во Америка се продава за 50 или дури 60 долари. На крај, трошокот го сносат американските потрошувачи“, вели тој.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...