ФСС ФЕИТ в сабота организира научен настан за промовирање на актуелни технологии

Фото: ФСС ФЕИТ

Факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ) в сабота, 07.05.2022 година, организира еднодневен, отворен настан за промовирање на актуелни технологии и запознавање на студентите со нив, насловен TECH@FEIT.

Настанот ќе започне во 10 часот и ќе се одржува во Амфитеатарот на ФЕИТ.

Концептот на годинашното прво издание на TECH@FEIT е составен од низа на предавања преку кои студентите ќе се запознаат со функционирањето на blockchain технологијата, криптовалутите, и нивната примена во општеството и техниката.

„На овој настан ќе имаме чест да зборуваат предавачи од различни области поврзани со blockchain технологијата и нејзината примена, имено информациските технологии, правните науки, економските науки, и математиката“, стои во најавата.

Предавачите кои ќе бидат презентери на горенаведените теми поврзани со blockchain технологијата се проф. д-р Соња Геговска – Зајкова за криптографија, Матеј Костоски – вовед во блокчејн, проф. д-р Александар Ристески за криптовалути и дигитални паричници, проф. д-р Валентин Раковиќ во врска со примена на блокчејн (Web 3.0, NFT, Dapps), м-р Ева Јованова за крипто-регулации и поширока примена на блокчејн технологија и проф. д-р Кирил Јовановски за улогата и значењето на криптосредствата во економиите.

Настанот е поддржан од ФЕИТ, Инженерската институција на Македонија, и ЕТАИ.

Бидејќи Амфитеатарот на ФЕИТ има ограничен број на места согласно мерките за пандемијата, TECH@FEIT ќе се одржи хибридно, така што ќе има директна Zoom врска за оние кои што нема да бидат во можност да дојдат физички на настанот.

Сите кои сакаат да присуствуваат на настанот, потребно е да го пополнат следниот формулар што ќе биде достапен за пополнување сѐ додека има слободни места.