Македонија и натаму се наоѓа во групата на делумно слободни земји, според најновиот извештај „Слободата во светот 2019“ на „Фридом хаус“. Земјава и оваа година останува со вкупен рејтинг од 3,5, на скала каде 1 е најслободно, а 7 е најнеслободно општество.
Со вкупен скор од 59 поени, Македонија се наоѓа во групата делумно слободни земји.На скала од еден до седум, каде еден е најслободна, а седум најмалку слободна, е оценета со 3, додека според политичките права со 4, а според граѓанските слободи со 3,5.
Во регионот Македонија се наоѓа зад Словенија, Грција, Хрватска и Бугарија, и малку зад Србија, Црна Гора и Албанија, а е подобра од Косово и Босна и Херцеговина.
Од вкупно 195 држави во светот, според резултатите од извештајот, 86 се слободни, 59 се делумно слободни, додека 50 се неслободни.