Фрекфенциите на 5Г технологијата се преслаби да предизвикаат хемиска реакција и да влијаат на развојот на Ковид-19

Предавател во Карлсруе, Германија на кој меѓу другото е прикачен систем од 5та генерација на технологија за мобилни мрежи | Фото: Tomás Freres / CC BY-SA (https://creativecommons.org/licenses/by-sa/4.0)

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Грчкиот сервис за борба против дезинформациите ellinikahoaxes.gr анализира тврдење дека фрекфенциите за новата 5Г технологија на мобилна телефонија влијаеле негативно на апсорпцијата на кислород во телото, со што овозможуваат брз развој на болеста Ковид-19, предизвикана од новиот корона вирус.

Но работите не стојат така, оти тие фрекфенции немаат доволно енергија за да предизвикаат хемиски реакции – нема потврдена научна студија што го поткрепува таквото тврдење, исто како што не може да се докаже дека и 4Г предизвикува хемиски реакции, односно промени на молекулите, пишува ellinikahoaxes.gr

Во текстовите пренесени од голем број грчки медиуми се тврдело дека 5Г влијае на молекулите на кислородот во човековото тело, и со тоа ја влошува состојбата при заболеност од Ковид-19.

Ваквите тврдења немаат научна поткрепа, пишува грчкиот сервис за борба против дезинформациите, изнесувајќи низа научни изјави на грчки научници. Во текстот се потсетува дека тие фрекфенции се во опсегот на нејонизирачко зрачење односно неспособност да предизвика хемиски промени односно хемиски реакции.

„Посебно кога зборуваме за фрекфенциите од 60 гигахерци, препорачливо е да се провери колку енергија од вакви бранови е потребна за да се повлијае на електроните од молекула со кислород. Исто така, бидејќ се тврди дека Вухан, епицентарот на епидемијата, беше еден од првите градови ка што се тестираше 5Г, треба да се напомене дека во Кина тестовите за оваа технологија почнаа уште од летото 2019 година, а во март 2018 година компанијата О2 почна да ја тестира 5Г во Обединетото Кралство, и врската меѓу Ковид-19 и 5Г не може да се потврди, пишува ellinikahoaxes.gr.