Француско признание за Гордана Јосифова – Неделковска

-

Селекторката на музичката програма на меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето”, Гордана Јосифова – Неделковска, со посебна одлука на француската влада доби признание за особен придонес во афирмацијата на француската култура.

Признанието, за воведувањето „Француска вечер” на „Охридско лето”, традиционална манифестација со 8 годишно практикување, синоќа во црквата „Св. Софија” го врачи француската амбасадорка во Република Македонија, Лорен Оер.

Како повод беше искористен настапот на мега популарниот француски кларинист Мишел Летјек, со квартетот Жирард (Иго Жирард, Агат Жирард, Одон Жирард, Луси Жирард).

Француската амбасадорка Оер ги поздрави вљубениците во класичната музика, заедно со исполнувачите на синоќешната програма и изрази задоволство од осум годишната соработка со организторите на „ Охридско лето“.

– Нашата соработка со „Охридско лето“ веќе стана традиција, што исклучително не радува. Вечерва е настапот на извонредниот кларинист Мишел Летјек заедно со помлада генерација музичари со светско реноме – рече Оер.

Гордана Јосифова Неделковска во своето обраќање рече дека годинава, по осми пат, се органзира „Француската вечер“ во рамки на програмата на „Охридско лето“ и дека се многу задоволни од соработката со Француската амбасада, Францускиот инстиут во Скопје и Социете женерал групацијата.

– Сите изминати години откако сум на оваа позиција работев со врвни имиња од светската музичка сцена и тоа ми беше огромно задоволство, но вечерва сум почестена и привилегирана со едно вакво признание за моите заложби – рече Јосифова Неделковска .

 

 

 

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...