Францускиот амбасадор Тимоние утре ќе ја посети компанијата „Завар“

-

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние утре ќе ја посети компанијата „Завар“, при што ќе се сретне со косопственичката на оваа компанија, Марта Наумовска-Грнарова, како и со претставнички на македонската мрежа на ментори, млади жени претприемачи, креатори на проекти со кои се присуттни на регионално, европско и на глобално ниво.

Посетата е во рамките на активностите на амбасадата по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

– Амбасадата на Република Франција повеќе години наназад ја промовира еднаквоста помеѓу жените и мажите во општествениот и во политичкиот живот. Борбата против сите форми на дискриминација врз жените е од суштинско значење за хармоничен развој на општеството во целина. Стереотипите ја попречуваат целосната еднаквост меѓу жените и мажите. Затоа, на Меѓународниот ден на правата на жените, кој се празнува на 8 Mарт, ќе се потсетиме дека е потребно секојдневно да се грижиме за една вистинска рамноправност, толку потребна во ова наше време – се вели во соопштението на амбасадата.

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Со скромна церемонија, oпштина Чаир денесka во Паркот „Украина“ го организираше поставувањето на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и повик за...

Играта „Wоrld of Warcraft“ ќе може да се игра само со едно копче по новото ажурирање

По новото ажурирање во играта „Wоrld of Warcraft“ познато како Patch 11.1.7, играта ќе може да се игра само со едно копче. Што точно значи тоа? Се однесува на имплементацијата на копче...

ЦИКП: Законот за работно ангажирање на лица се усвои со меѓупартиски консензус

Нашата земја направи исчекор и усвои модерно, инклузивно и праведно решение за формализирање на непријавениот труд. Со Законот за работно ангажирање на лица се поставува формална рамка за препознавање и заштита...

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Информациските закани и манипулациите со информации се проблем кој влијае врз целото општество и треба да се реши со сеопфатен пристап на целото оштество, а тоа значи - политичка волја, усогласеност...

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Со скромна церемонија, oпштина Чаир денесka во Паркот „Украина“ го организираше поставувањето на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ – омаж за децата жртви на Холодоморот во Украина (1932–1933) и...