fbpx

Франција бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Алепо

-

Шефот на француската дипломатија, Жан Марк Еро, денеска побара да се свика итен состанок на Советот за безбедност на Обединетоте нации поради ситуацијата во сирискиот град Алепо, кој е уништен во борбите.

Еро во соопштението апелира дека е неопходно да се дозволи доставување хуманитарна помош за загрозените.
Сириската војска и нејзините сојузници од вчера се во голема офанзива за освојување на источниот дел, кој е под контрола на бунтовниците.

Заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања, Стивен О’Брајан, соопшти дека околу 16.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во сирискиот град Алепо поради интензивните напади врз источниот дел на градот.

– Во оваа област веќе нема ниту една болница која е во функција, резервите со храна се речиси потрошени и се очекува уште илјадници луѓе да си заминат од градот доколку продолжат борбите во следните денови – истакна О’Брајан во писмена изјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...