Франгов: „Арсена“ и Сорос сакаат да го урнат угледот на Општина Гевгелија

-

Гевгелискиот градоначалник Иван Франгов смета дека проблемот со арсенот е политички монтиран случај од невладината организација „Арсена“, која „зела пари од Сорос за да го урне угледот на Општина Гевгелија“, јавува „Телма“.

Франгов смета дека лабораторијата во Солун што ги правела проверките, користела нестандардизирани методи при проверка на арсенот и дека резултатите се спротивни од тие што на почетокот на годината ги издал Институтот за јавно здравје.

Од „Арсена“ реагираат на денешната изјава на градоначалникот Франгов.

– Која лабораторија е релевантна за него за да ги прифати резултатите од испитувањето? Резултатот од лабораторијата во Солун подлежат на европските стандарди и регулативи. Испитувањата на Институтот за јавно здравје во континуитет констатираат недозволиво количество на арсен. Навистина не знаеме зошто на градоначалникот му се виновни граѓанските организации кои бараат квалитетна вода, наместо да се насочи кон решавање на проблемот – реагираат од „Арсена“.

Анализата на примерок од водата за пиење од гевгелискиот водовод, земен на 16 јуни годинава, покажала присуство на енормно количество на арсен во водата, штетно за здравјето на човекот, информираат од граѓанската иницијатива „Арсена“.

Анализата што ја извршила меѓународна лабораторија, како што додаваат од „Арсена“, покрај арсен, покажала и присуство на тешкиот метал ванадиум во водата од гевгелискиот водовод.

„Само пред еден месец концентрацијата на арсен беше 21,3 микрограми на еден литар вода, а сега е 19,7 микрограми, што е и понатаму за 97 отсто повисоко од здравствено пропишаните норми за употреба на водата од страна на човекот. По одбивањето на Институтот за јавно здравје на Република Македонија да прави анализи на водата во Гевгелија со образложение дека знаеле за проблемот и дека сите институции биле известени, откако увидовме дека речиси четири години не се презема ништо за заштита на граѓаните, со анализите од меѓународни лаборатории го потврдуваме постоењето на проблемот со арсенот во водата и неговото континуирано присуство и изложеност на граѓаните на еден од најотровните елементи на земјата – арсенот. Ванадиумот е нешто сосема ново за нас“, велат од граѓанската иницијатива „Арсена“.

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот брат. Првостепената...

Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Уставниот суд во Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори неколку дена откако беа декласифицирани извештаи кои тврдат дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно...

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот...