fbpx

Франција ќе остане во строг карантин уште еден месец

-

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објави дека земјата ќе биде под карантин уште еден месец. Во националното обраќање, тој рече дека само со почитување на правилата за ограничено движење ќе се победи битката против Ковид-19.

Франција ќе се врати во нормалниот живот на 11 мај, доколку граѓаните се одговорни и ги почитуваат правилата и ако бројот на заразени со коронавирус продолжи да опаѓа.

„Мора да ги продолжиме нашите напори; колку повеќе се почитуваат правилата, толку повеќе животи ќе бидат зачувани. Затоа строгиот карантин ќе трае до понеделник на 11 мај “ – изјави Макрон.

Во своето 30-минутно обраќање со смирувачки тон, тој даде објаснување, одговор и календар за следните неколку недели. Макрон неколку пати призна дека имал неуспеси во справувањето со пандемијата, особено со недостаток на маски и опрема, но вети дека до 11 мај ќе има доволно тестови и маски за стари лица, здравствени работници и најранливите.

„Дали бевме подготвени? Не. Јасно е дека не е доволно. Имаше неуспеси, недостаток на материјал “, рече тој.

Од 11 мај, приоритет за постепено отворање ќе им се даде на училиштата и колеџите, додека пак рестораните, кафулињата, хотелите, музеите и културните места треба да останат затворени, смета Макрон. Големите фестивали и настани ќе бидат дозволени само по средината на јули.

„Јас разбирам дека имате многу прашања и би сакал да одговорам на сите нив. Но, со понизност велам, немаме дефинитивни одговори денес. Ние ќе го споделиме со вас она што го знаеме и што не знаеме. Ќе излеземе од ова, но сепак овие неколку месеци ќе живееме со вирусот“ – изјави францускиот претседател.

Според податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Франција заразени се 137.877 лица. Од вирусот починале 14.968 лица, а оздравеле 28.001.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...