Франција е задоволна од новата процедура за приклучување кон ЕУ предложена од Брисел, но би сакала таа да биде усвоенa без измени, за да даде согласност за преговори со Албанија и Северна Македонија за зачленување, порача францускиот државен секретар за европски прашања, Амели ди Моншален.

– Треба да има усогласеност на 27-те земји за овој нов предлог, без тоа да биде изменето. Франција исто така чека извештај за тоа како Албанија и Северна Македонија ги реализираат реформите што им се посочени. Од тоа ќе зависи дали француската влада ќе реши да почнат преговори со двете земји – рече Ди Моншален, пренесуваат новинските агенции.

Еврокомесарот за прошриување Оливер Вархеи објави дека на крајот на месецов ќе биде претставен нов извештај за состојбата со реформите во двете земји. За предлог-методoлогијата на преговорите и за извештајот ќе се разговара првпат на средба на 27-министри за европски прашања на Европскиот совет во Брисел на 25 февруари.