fbpx

Францускиот „Акуо Енерџи“ во Штип ќе гради еден од најголемите соларни паркови во Европа

-

На штипската локацијата каде што требаше да има карго аеродром на површина од 452 хектари следната година француската компанија „Акио Енерџи“ ќе гради соларен парк што ќе ги задоволува потребите за струја на 94.000 домаќинства. 

„Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 360 до 400 мегавати (MW). Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија“, рече премиерот Зоран Заев на денешната промоција на инвестицијата во присуство на амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, како и претставници на менаџментот на француската компанија „Акио Енерџи“.

Тој додаде дека првите количини електрична на енергија ќе протечат во 2023 година, а целосна реализација се очекува до крајот на 2024 година. Производството на електрична енергија е проценето на околу 650 гигават часови на годишно ниво. 

„Акио Енерџи“ со изградба на Соларниот Парк „Стипион“, како и германската „Ви-Пи-Ди“ која вложува во новиот ветерен парк „Вирови“, ќе дадат нов стимул на нашата економија, со ангажирање на домашна работна сила, млади кадри кои својата иднина ја гледаат во ваквите современи компании“, рече премиерот и нагласи дека и наредната година ќе започнат со изградба двете електрани од по 50 MW во Осломеј, или вкупно 170 MW што е за 10 пати повеќе од 17-те мегавати изградени во претходните 26 години.

Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција истакна дека оваа инвестицијата е најголемата француска инвестиција во земјата во последните петнаесетина години и додаде дека како што е информиран и Претседателот на Владата, десетина француски компании, секоја од нив меѓународно позната, во моментот работат на своето позиционирање на македонскиот пазар.

„Овој соларен парк ќе биде најголемиот кој досега е изграден во овој регион од Западниот Балкан. Оваа инвестиција исто така има големо стратешко значење, бидејќи ќе придонесе да се зајакне енергетската независност на Северна Македонија, истовремено помагајќи ѝ на земјата да го изоди својот амбициозен европски пат за намалување на емисиите на јаглероден диоксид“, рече Бомгартнер во своето обраќање.

Ерик Ското, претседател на компанијата „Акио Енерџи“ од Франција истакна дека проценетата инвестиција се очекува да биде околу 270 милиони евра во пределот на општините Штип и Свети Николе. Тој додаде дека со оваа инвестиција во земјава се инјектираат 620 GWh чиста енергија со што заштедени се 380.000 тони CO2 годишно.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...