Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

-

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија цел е да ја подигне свеста кај младите од Западен Балкан за опасностите од дезинформации, и борбата против дезинфомрациите.

Конкурсот е отворен за лица до 30 години од земјите на Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Учесниците се поканети да создадат оригинални постери кои го истражуваат влијанието на лажните вести и ја промовираат важноста на веродостојните, висококвалитетни информации.

Цели на Конкурсот

Поттикнување на граѓанскиот ангажман и медиумската писменост кај младите. Истакнете ги социјалните, политичките и културните последици од дезинформациите. Промовирајте критичко размислување и креативно изразување преку визуелна комуникација.

Награди

Од секоја земја од Западен Балкан ќе бидат избрани тројца победници, и ќе бидат катогоризирани со прва, втоа и трета награда кои ќе варираат од 600, 300 и 100 евра. Победничките постери ќе бидат прикажани и онлајн и на јавни изложби низ целиот регион и ќе бидат дел од пошироката кампања за медиумска писменост имплементирана од CFI и нејзините партнери.

Постерите треба да имаат тематика борба против дезинформации: како тие се шират, последици и како можеме да се спротивставиме. Стиловите можат да варираат од симболичен, хумористичен, емотивен или смел стил.

Сите детали можат да се прочитаат на сајтот на CFI. Рокот за аплицирање е 25 мај.

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Шест бугарски државјани беа осудени на затвор од страна на Кралскиот кривичен суд во Лондон (Old Bailey) поради шпионажа во корист на Русија, со што, според британските власти, сериозно ја загрозиле...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“....