Француските власти ставија во изолација повеќе од 1.700 патници и членови на екипажот на крузер закотвен во Бордо, откако еден патник починал од сомнеж за норовирус, соопштија официјални лица, пренесува „Гардијан“. 

Бродот на Ambassador Cruise Line, со 1.233 патници, од кои повеќето биле Британци или Ирци, пристигнал во Бордо во вторникот. Еден 90 годишен патник починал, а околу 50 лица покажале симптоми на вирусот, соопштија француските здравствени власти.

Норовирус е заразен вирус што предизвикува воспаление на желудникот и цревата, состојба позната како гастроентеритис. Се шири многу лесно преку контаминирана храна или вода директен контакт со заразено лице допирање површини што имаат вирус и потоа ставање раце во уста. Најчести симптоми се повраќање, дијареја, гадење, болки во стомакот понекогаш треска и главоболка. Симптомите обично почнуваат 12 до 48 часа по заразување и траат од еден до три дена.