fbpx

Франција и РС Македонија потпишаа договор за копродукција во областа на филмот

-

Република Северна Македонија и Франција потпишаа Договор за филмска копродукција, во кој надлежни институции се Агенцијата за филм на РСМ и Францускиот Националниот центар за кинематографија и анимирани слики.

„Во рамките на една посета на Париз што се одржа на 23 февруари 2021, нашите двајца Министри за надворешни работи, Г-динот Жан-Ив Ле Дријан и Г-динот Бујар Османи потпишаа Договор за копродукција во областа на филмот. Посакуван од страна на Македонската агенција за филм, овој Договор претставува пред сè признание на
македонската кинематографија која е во полна обнова, а ја имаме денес таа среќа со нас да бидат двајца нејзини најголеми претставници.
Но кои се предностите на овој договор? Конкретно тоа значи дека една идна француско- македонска копродукција ќе може да побара поддршка во Франција исто како да е француски филм. Како што знаете, Франција има еден од најуспешните системи за поддршка на филмот. Дали е тоа случајност? Франција е земја во којашто се снимаат најмногу филмови во Европа, со повеќе од 200 реализации годишно.
Постои веќе француско-македонска соработка во областа на филмот. Сметам дека со овој договор, условите се обединети за оваа соработка да се интензивира уште повеќе, а врз основа на овој Договор, да изградиме повеќе надеж за младите и блискост за граѓаните од нашите две земји. И моја желба е овој договор да биде што побргу инкубатор за едно идно француско-македонски ремек-дело!“, изјави Амбасадорот на Р. Франција во С. Македонија Н.Е Сирил Бомгартнер.

Фото: Агенција за филм

Според Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за Филм, договорот е важен како да се потпишува размена на играчи меѓу македонската и бразилската фудбалска репрезентација.

„Франција е земја со најдолга и најбогата филмска историја и има огромна важност во европската и светска кинематографија. Македонскиот нов филмски бран кој доживува успеси, со овој Договор ќе може да ги прошири хоризонтите уште повеќе“, изјави тој.

Уметноста и науката одат пред политиката, а овој Договор е доказ за тоа, според режисерката Теона Митевска, која посочи дека на нашата мала држава и е дадена  можност да се аплицира во француските филмски фондови, кои што се многу. Но, и француските филмови да дојдат во Македонија, не само заради локациите, туку и заради човечкиот потенцијал.

Игор Иванов – Изи, претседател на друштвото на филмски работници на Македонија, рече дека е ова веројатно најголемиот формален исчекор на македонската кинематографија во нејзината скромна историја.

„Кога зборуваме за европски филм, во суштината стои државата Франција.
Со овој Договор, влегуваме во битот на европскиот филм, кој претставува критиката на општеството, слободата на изразувањето како и културната диверзификација. Копродукција не значи само размена на пари, туку значи размена на креативен потенцијал“, изјави тој.

Овој Договор е склучен на неопределено време помеѓу Француската Република и Република Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...