Фотографија на талентирана Македонка се појави на билборд на „Тајмс сквер“ во Њујорк

Фото: Принтскрин од видео, Geometrieva, се користи со дозвола

Нина Георгиева, позната како Геометриева е уште една талентирана македонска артистка која во моментов живее во Јапонија. Нејзина фотографија се појави на еден од билбордите на „Тајмс сквер“ во средишниот дел на Менхетен, Њујорк пред два дена заедно со нејзиното уметничко име и името на компанијата која стои зад фотографијата.

Се работи за фотографија која е направена во Токио и претставува фиктивна станица за полнење на киборзи од страна на Дамјан Светков-Димитров кој се потпишува како Anticipateants, во соработка со Geometrieva.

„Кога се враќав од супермаркет, забележав дека батериите на моето киборг тело беа скоро испразнети па најдов итна станица за полнење по пат. Често покриваме Cyberpunk во нашите фотографии со Дамјан“, сподели Нина Георгиева за Мета.

Таа посочува дека билбордот на „Тајмс сквер“ е дек од NFT (Non Fungible Token) изложба, а наскоро ќе следи и NFT продажба на истата фотографија.

„Посакувам навистина да постоеја станици за полнење на куборзи“, додава Георгиева.

Нина со големо изненадување ја примила веста. Над видеото кое беше ставено на нејзиниот фејзбук профил пишува: „Ова е еден од оние денови кога моето лице се појавува на Times Square билборд.“ На социјалната мрежа твитер таа напиша: „Погледнете, моето лице е на Times Square!“.

Нина Георгиева е графички дизајнер, фотограф и дизајнер на игри. Работи како продукт дизајнер за Google Maps, продукт дизајнер за Google tez, главен дизајнер на апликацијата Grab, водечка апликација на југоисточна Азија која нуди сервиси, испораки и услуги во различни области и визуелен дизајнер на Zendesk софттверска компанија во Сан Франциско, Калифорнија. Претходно има работено за проталот IT.mk.

Покрај ова Геометриева се занимава со крипто уметност – уметнички дела креирани дигитално кои се продаваат преку користење на една од најголемите иновации во 2021 година, опцијата NFT (Non-fungible token). Оваа опција овозможува да се плати одредена сума на пари преку крипто валута која ќе овозможи оригинална лиценца и сопственост на лицето што ќе ја плати и делото останува во негова сопственост.

Нејзината серија насловена со V A S T содржана од 10 дела потпишани со знакот на NFT беше целосно продадена во мај оваа година, само два месеци по појавувањето на оваа назнака и опција.