Фотограф го тужи Џастин Бибер бидејќи објавил негова папараци фотка на својот Инстаграм профил, без да го посочи фотографот кој ја направил фотографијата. Фотографот Роберт Барбера вели дека Џастин е виновен за прекршување на неговите авторски права со тоа што објавил негова фотографија без согласност од авторот на фотографијата.

View this post on Instagram

Me and my guy @richwilkersonjr

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Оваа тужба не е прва од ваков карактер. Во ваква ситуација се најде и Џенифер Лопез која без согласност објавила папараци фотографија на своите инста сторис во 2017тата и неодамна доби тужба тешка 150 000 долари. Ариана Гранде, Клои Кардашијан и Џиџи Хадид се дел од суперзвездите кои во минатото имаат добиено слични тужби.

На оваа тема побаравме мислење од фотографката Стефани Христов.

„Јас лично сум имала повеќе лоши искуства кога медиуми земаат твоја фотка и пишуваат “од приватна архива“ или модели со кои сум соработувала правеле кроп на потписот и ставале филтри (тоа ми пречело). Во државава немаме добра регулатива за тоа. Доколку мега ѕвезда објави моја фотка ќе ми биде мило и секако можам да го споделам тоа со скриншот или на стори дека е мое дело. Не би поднела тужба ама како секој уметник би сакала признание за делото“, вели Стефани.