[ФОТО] Се одржа натпреварот за едукативна роботика за деца – „FIRST LEGO League Explore“

Фото: ПСУ „Јахја Кемал“

Оваа година за прв пат во Република Северна Македонија се оддржа натпревар за едукативна роботика, наменет за деца на возраст од 6 до 10 години, насловен „FIRST LEGO League Explore“ (FLLE), во опганизација на „Академија за роботика и иновации“ од Скопје и ПСУ „Јахја Кемал” – Боговиње, Тетово.

„Тимовите кои се натпреваруваа оваа сеозна кога предиѐвикот беше „Иднината на транспортот“, успешно спроведоа истражувачки проекти, дизајнираа роботи за извршување на мисите, се фокусираа на инженерството додека ги истражуваа проблемите во реалниот свет, поминаа прекрасно време во изучување на дизајнирање и програмирање, креирање на уникатни решенија и изработка на сопствен постер“, велат од организацијата на натпреварот.

Според правилата има награди во неколку категории и еден победник на целиот турнир.

Наградени тимови во категоријата на „Основни вредности“ се „Lego 6“ од ПСУ „Јахја Кемал”- Боговиње, Тетово и „MDM“ од ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје. Во категоријата на „Модел на тим“ награди освоија „NPA“ од ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје и „Wolves“ од ПСУ „Јахја Кемал”- Боговиње, Тетово. На турнирот има и категорија „Програмирање“ во која најдобро се рангираше тимот „Mind Masters“ од ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје. Наградите во „Постер на тим“ ги добија „Bot  Platinum“ од ПСУ „Јахја Кемал”- Боговиње, Тетово и „The flying House“ од ПСУ „Јахја Кемал”- Боговиње, Тетово, додека за категоријата „Решение на предизвик“ награден е „Techno Legends“ од ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје што истот така е прогласен за победник на целиот натпревар.