fbpx

(ФОТО) Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во скафандер во Собрание, пред седум месеци критикуваа за истата работа

-

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој е и координатор на пратеничката група и Ангелинка Петкова денеска во скафандери дојдоа во Собранието на РСМ за да учествуваат на седницата на која треба да се гласа недоверба на актуелната влада. Бидејќи и двајцата се позитивни на ковид-19 и се во изолација, под посебни протоколи е дозволено нивното присуство во парламентарниот дом.

Пред седум месеци, токму координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски жестоко реагираше за гласањето на пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска и тогашниот пратеник од ДОМ Мирослав Богдановски, коишто во април годинава се наоѓаа во изолација и во Собранието пристигнаа во скафандер, за од посебна просторија да гласаат на седница.

Тогаш пратеникот Мицевски го обвини собранискиот спикер Талат Џафери дека не ги почитува мерките за заштита од ковид-19.

„Комисијата за заразни болести со ова ја полевате со фекалии, како ќе ги убедиме граѓаните дека има пандемија и како да ги заштитиме кога вие сте првите тука кои не ги почитувате мерките“, изјави во април пратеникот Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на Левица, пак, Димитар Апасиев кој исто така е пратеник во Собранието, во април најави дека ќе поднесе кривична пријава за биолошки тероризам ако пратеници од власта заразени со ковид-19 се појават на собраниска седница. Левица и ВМРО-ДПМНЕ тогаш и навистина поднесоа кривични пријави за непостапување според здравствените прописи против спикерот Џафери и двајцата пратеници.

Собранискиот спикер Талат Џафери денеска изјави оти се надева дека овој пат ќе нема кривична пријава за биолошки тероризам, а по повод доаѓањето на двајца пратеници од опозицијата во скафандери на гласањето за доверба на владата.

„Веројатно сите сме свесни за тоа што го зборев пред година дена за онлајн работа“, порача собранискиот спикер Талат Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...