fbpx

(Фото) „Пијте вода!“ – Виена се бори против жештините со јавни чешми и прскалки

Според официјалните податоци, во главниот град на Австрија функционираат околу 1.500 јавни чешми со вода за пиење, како и 55 монументални фонтани

-

Жителите на Виена се гордеат со тоа што нивниот град на разни начини им овозможува пристап до чиста вода, што е особено важно за заштита од жештините.

Низ главниот град на Австрија се поставени модерни чешми од кои бесплатно може да се пие или наточи вода, а градските власти ги поттикнувааат и граѓаните и туристите да ги користат со пораки како „Пијте вода!“.

Според официјалните податоци, во главниот град на Австрија функционираат околу 1.500 јавни чешми со вода за пиење, како и 55 монументални фонтани. Во периодот од април до септември на прометните места се поставуваат и 75 „мобилни чешми“ за дополнително снабдување на минувачите.

Низ градските паркови и детски игралишта Градот Виена има поставено и 100 инсталации за прскање. Овие уреди слични на тушеви, распрскуваат вода и им овозможуваат на посетителите да се освежаат во текот на топлите месеци.

Парк во Виена, Австрија. Фото: Мета.мк.

Квалитетот и достапноста на водата од градскиот водовод се претставени и како туристичка атракција. Тоа се истакнува дури и во полуксузните хотели. На пример, собите на хотелот Хилтон нема флаширана вода во мини-баровите, туку има порака со која гостите се охрабруваат да си точат вода од чешма.

Препорака да се пие вода од чешма во Хотел Хилтон во Виена. Фото: Мета.мк.

Водоснабувањето на Виена има долга историја, со корени уште од римско време, кога тогашна Виндобона добивала вода преку аквадукт од извори во оближните шуми. Модерната водоводна мрежа започната во XVIII век делумно се потпирала на филтрирање на водата од реката Дунав, но развојот на градот брзо го надминал капацитетот, па се развиени неколку понови системи што носат вода од планините Алпи или црпат од подземните води.

Инаку, температурите во македонскиот главен град Скопје, а и пошироко во државата деновиве исто така се исклучително високи. Но, за разлика од Виена, во Скопје ретко може да се начека градска чешма која е во функција.

Портокаловата фаза ги препоти граѓаните

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...