fbpx

Формирана нова муслиманска антитерористичка коалиција

-

Саудска Арабија објави дека 34, главно муслимански нации, се здружиле во нова воена алијанса за борба против тероризмот, јавуваат светските медиуми.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извештаите на државните медиуми во Саудска Арабија, заедничкиот оперативен центар на коалицијата ќе биде во главниот град на земјата, Ријад.

Во воената алијанса учестуваат земји од Азија, Африка и од арапскиот свет, но не и главниот регионален ривал на Саудска Арабија, Иран.

Одлуката за формирање на колацијата, според британскиот национален сервис, доаѓа по меѓународниот притисок врз заливските арапски земји од кои било побарано да направат повеќе во борбата против Исламска држава.

Саудискиот министер за одбрана, Мохамед бин Салман, изјавил дека новата воена алијанса ќе ги координира своите акции против терористите во Ирак, Сирија, Либија, Египет и во Авганистан.

Сепак, Авганистан, Сирија и Ирак не се дел од коалицијата.

„Во моментот, секоја муслиманска земја се бори против тероризмот индивидуално, поради што координираните акции се многу важни“, изјавил Мохамед бин Салман.

Според информациите, цел на воената коалиција нема да биде само Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...