fbpx

ФООМ ќе поддржува реформи кои се за подобро образование, судство и борба против корупција

-

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на завршниот настан по повод 25 години од формирањето на Фондацијата Отворено општество – Македонија порача дека дигитализацијата е најкусот пат до транспарентноста и до отчетноста кон граѓаните.

– Транспарентноста е инструмент во рацете на граѓаните кој им овозможува да ја оценат релевантноста на процесите и одлуките донесени од институциите – рече Манчевски на денешниот панел на тема „Транспарентни и отчетни институции – императив за одговорна власт“.

Според Манчевски, најголемата промена ќе дојде кога дигитализацијата ќе се случи во институциите, бидејќи, како што истакна, дигитализацијата и новите технологии овозможуваат брза и редовна комуникација и секојдневна консултација со граѓаните и граѓанскиот сектор.

Манчевски говореше и за мерките на Владата за зголемување на отчетноста и транспарентноста и потенцираше дека за наредниот период се работи на отворање на податоците кои произлегуваат од работата на институциите од јавниот сектор.

– Се подготвува стратегија и акциски план за отворени податоци, се работи на пуштање во употреба на нов портал за отворени податоци во август годинава, на измени за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер рече Манчевски.

На панелот околу тоа дали се транспарентни и отчетни институциите во Македонија, како до одржлива партициаптивна демократија во Македонија и за ефикасни начини и модели кои ги охрабриле властите за поголема отчетност и значајна вклученост на граѓаните, говореа и Филип Стојановски, програмски директор во Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, Дарко Бркан, претседател на Здружението „Зашто Не!“ од Босна и Херцеговина.

За граѓанското општество и каков граѓански ангажман ни треба и за предизвиците и можностите на граѓанското општество по децениско делување во „заробена држава“ зборуваа Џабир Дерала од Центарот за слобода – Цивил, Ирена Цветковиќ од Коалицијата „Маргини“, Миша Поповиќ од Институтот за демократија Социетас Цивилис и Алберт Муслиу од Асоцијацијата за демократски иницијативи. Тие се осврнаа на можните ефективни сојузништва за зголемено влијание врз властите и на начините на справување со растечкиот национализам, ксенофобија, поделеност и говор на омраза.

20180522_111308

Во третиот денешан панел под наслов „Поглед понатаму: Како Македонија може да стане отворено општество“ учествуваа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, извршниот директор на Фондација „Метаморфозис“, Бардил Јашари, претседателка на Младински образовен форум, Стефани Спировска, директорот на програмата за јавно здравје на Фондациите Отворено општество, Џонатан Коен и Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на Фондација Отворено општество – Македонија.

Царовска кажа дека треба инстутуциите да имаат еден одржлив систем за комуникација со граѓаните, за да имаат повратни информации од нив. Таа вели дека треба и натаму да работат на комуникацијата со граѓаните и на отворањето на институциите кон нив.

Според Јашари, луѓето се оние кои го прават отвореното општество, а технолгијата е само алатка.

– Да не дозволиме да се затвориме во тие „звучни комори (echo chambers)“, какви што се социјалните медиуми каде самите си коментираме и самите си се слушаме што коментираме – рече Јашари.

Каранфиловска истакна ФООМ ќе дава поддршка се додека се прават реформи кои се на иста линија со целите на економијата, поквалитетното образование, судство и борбата против корупцијата. Таа нагласи дека ФООМ ќе инвестира и ќе го поддржува граѓанскиот сектор за да биде буден и будно да следи се што се случува во општеството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...