Основните и средните училишта ќе може да аплицираат за третиот „Предизвик за млади истражувачи“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), од денеска до 16 март.

Проекти кои ќе бидат прифатени се од областа на природните и техничките науки кои би се реализирале за максимум шест месеци. Вкупниот буџет за годинашниот предизвик е шест милиони денари или од 100.000 до 300.000 денари за секој од проектите што ќе биде поддржан.

За наставниците – ментори кои ќе ги водат тимовите се предвидени по 30.000 денари, а за учениците сертификати.

Клучни во изборот на проекти ќе бидат оригиналната идеја, квалитетот на проектот неговата применливост и мулти имплементација.

Со досегашните два предизвика за млади истражувачи, ФИТР поддржа вкупно 54 училишта.