fbpx

Фондација „Бертелсман“: Македонија е дефектна демократија

-

Македонија бележи понатамошен пад според индексот на трансформација, кој го објавува угледната германска фондација „Бертелсман“ на период од две години. Во однос на последниот извештај објавен во 2014 година, Македонија најмногу назадувала во политичките критериуми, поточно во делот на владеењето на правото и стабилноста и демократските институции. Кај економските параметри нема поголемо назадување, но се констатира статус кво, а позитивно е оценет единствено економскиот пораст, пренесе „Дојче веле“.

Земјата и понатаму се води како „дефектна демократија“ заедно со Црна Гора, Србија, Унгарија, БИХ, Албанија и со Косово, а во регионалниот извештај Македонија се истакнува како еден од примерите за назадување.

Владејачките партии во Унгарија – Фидес и во Македонија – ВМРО-ДПМНЕ, според регионалниот извештај, „доминираат со парламентите и го прошириле своето влијание врз судството, медиумите и другите институции“, а „тоа го прават преку користење на техниките на популистичка мобилизација“.

Извештајот за Македонија е правен за периодот 2014-2015 година и во него не се опфатени дел од случувањата од крајот на минатата и од почетокот на оваа година на политичката сцена.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...