fbpx

Фондацијата Метаморфозис започна со имплементација на иницијативата „Разговори за приватност“

-

Во рамки на програмата „Човекови права на интернет“, Фондацијата Метаморфозис започна со имплементација на иницијативата „Разговори за приватност“, информираат од Фондацијата Метаморфозис.

„Разговори за приватност“ обединува претставници на општата јавност, јавни службеници, граѓански организации, новинари, наставници и други заинтересирани индивидуалци од целата земја да дискутираат околу актуелните трендови и предизвици од областа на заштита на личните податоци. Оваа неформална мрежа веќе брои повеќе од 70 членови, а бројот постојано расте.

Првиот „Разговор за приватност“ се одржа на 21.12.2021 година, а членките на мрежата имаа можност да зборуваат за заштита на личните податоци при користење на социјални мрежи и други апликации на „паметните телефони“ со гостин-експерт од областа на заштита на личните податоци.

Во периодот што следува Фондацијата Метаморфозис ќе продолжи со организирање средби за членките на мрежата на кои ќе присуствуваат и експерти кои ќе ја споделат својата перспектива и искуство на различни теми од областа на заштита на личните податоци.

Дополнително, од иницијативата се очекува да обезбеди и платформа за заедничко дејствување на членовите и застапување пред носителите на одлуки и другите засегнати страни за унапредување на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија.

Со членовите на иницијативата „Разговори за приватност“ редовно ќе бидат споделувани резултатите од сите истражувања и анализи што ги спроведува Фондацијата Метаморфозис, а се поврзани со заштитата на личните податоци.

Иницијативата „Разговори за приватност“ се спроведува во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци-градење инклузивен дигитален екосистем“, поддржан од АБА РОЛИ. Во рамки на проектот, предвидено е индентификување на дигиталните јавни услуги и оценување на нивната усогласеност со Законот за заштита на лични податоци, спроведување обуки за претставници на граѓански организации, новинари и офицери за заштита на личните податоци, како и обезбедување менторска поддршка за институции за усогласување со релевантните прописи.

Поканата за вклучување во иницијативата „Разговори за приватност“ е сè уште отворена, а од Фондацијата Метаморфозис велат дека добредојден е секој кој има искрен интерес во областа. Пријавата за вклучување може да се најде овде.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...