„Фолтин“ утре ќе одржат бесплатен концерт на летната сцена „Марко Цепенков“ во Прилеп

Фото: НУЦК „Марко Цепенков“ - Прилеп

Музичката група „Фолтин“ утре (29 јули) ќе одржат концерт на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“, со почеток во 21 часот.

„Концертот е по повод јубилејот 25 години од првиот концерт на Фолтин, ќе биде промовирано најновото студиско издание „Симултан бакнеж”. Ќе се свират најновите и најубавите стари песни. Влезот е бесплатен. Концертот во Прилеп е финансиски поддржан од Министерство за култура,“ се вели во соопштението.

Концертот се одржува по повод 25 години од првиот концерт на „Фолтин“ и промоцијата на најновото студиско издание „Симултан бакнеж“. „Фолтин“ веќе го одржаа концертот во Струга на 25 јули, а љубителите на нивната музика можат да уживаат и во најавениот концерт којшто на 31 јули ќе се одржи во амфитеатарот во Велес.