„Фолтин“ со концерт во Хераклеа ќе ја прослави 25-годишнината

Со целовечерен самостоен концерт в сабота со почеток во 21 часот, славната битолска група „Фолтин“ ќе го одбележи својот 25 роденден. Првиот настап на Фолтин исто така бил во Хераклеа, во 1996 година.

Oсвен колажот од предходните девет албуми, „Фолтин“ премиерно ќе го отсвират и нивното најново издание „Симултан бакнеж“.

Концертот во Хераклеа се случува после низата промотивни концерти низ Македонија и странство.

Билетите за концертот можат да се купат онлајн на karti.com.mk или во Битола во Литература.мк и во туристичката агенција Ариес.

Настанот ќе се одржи според протоколите за одржување настани на отворено.