„Фолтин“ ќе биде македонскиот претставник на одбележувањето Европски ден на музиката

На 21 јуни годинава, Скопје ќе биде еден од 12 градови кои ќе го одбележат Европскиот ден на музиката, каде преку 10 часовен музички маратон ќе се емитуваат онлајн концерти и настапи од голем број светски изведувачи.

Наш претставник ќе биде составот на музичката група „Фолтин“.

„Фолтин“ е една од најпознатите музички групи во Северна Македонија. Овој состав работеше на музиката за неколку театарски претстави и македонски филмови, меѓу кои „Медена земја“, „Исцелител“ и „Со љубов“.

Овој меѓународен музички фестивал го поддржуваат Градот Скопје и МКЦ. Главен организатор е Атина, а со настани и поддршка се вклучуваат Скопје, Берлин, Будимпешта, Букурешт, Краков, Истанбул, Манчестер, Милано, Љубљана, Лисабон и Прага.