fbpx

„Фолксваген“ со нови модели

-

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ за пет години ќе го скрати животниот век на една генерација од своите модели за да може што подобро да се усогласи со потребите и со навиките на купувачите.

-„Фолксваген“ ќе го рестилизира новиот модел по само три години, за две години подоцна да го замени со следната генерација – изјави Јорг Сомер, еден од потпретседателите на компанијата.

Сомер изјави дека „Фолксваген“ до 2018 година ќе вложи седум милијарди долари во новите модели и производствени погони во САД. Меѓу новите модели ќе бидат продукциската верзија на концептот „кросблу“, возило СУВ со седум седишта.

Автомобилот е наменет само за американскиот пазар, а во продажба ќе се појави во 2016 година.

Од друга страна, купувачите во Европа, место овој модел, истата година треба да ја добијат неговата поевтина верзија во вид на нов СУВ на „Шкода“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...