Протести се случуваат во повеќе земји откако израелските сили ја пресретнаа хуманитарната флотила „Global Sumud“, чија цел беше да достави помош во Газа каде во некои делови е прогласена глад, пишува Скај Њуз. 

Израелската војска во текот на ноќта блокираше 20 брода со активисти и хуманитарни залихи, меѓу кои и бродот на шведската климатска активистка Грета Тунберг. Сепак, според веб-страницата Flotilla Tracker, хуманитарната флотила и понатаму се движи кон Газа.

На почетокот на пловидбата, „Global Sumud Flotilla“ превезуваше околу 500 активисти од различни земји.

Во знак на солидарност со флотилата, демонстрации се одржаа во Италија, Шпанија, Колумбија, Аргентина и други држави.