fbpx

ФК „Брегалница“ под инспекција за расистички извикувања

-

Фудбалскиот клуб „Брегалница“ од Штип се соочува со казна за расистички извикувања. Дисциплинската комисија на ФФМ го испитува однесувањето на навивачите на натпреварот со „Шкендија“ од Тетово, од минатата недела. Дел од навивачите на натпреварот во Штип, според сознанијата на Дисциплинската комисија, извикувале расистички навреди кон фудбалерот на „Шкендија“, Махамду Идризи.

Од управата на „Брегалница“ се непријатно изненаден од постапката на ФФМ. Според Мите Митев, натпреварот поминал во најдобар ред, дури со денови претходно имале четири средби со полицијата и со навивачката група „Фаланга“ за фер и спортско навивање.

– Во записникот нема такво нешто ниту, пак, има реакција од „Шкендија“. Дури и посочениот играч, кој, според тврдењата, доживеал расистички напад, по завршувањето на натпреварот, го соблече дресот и му го даде на водачот на навивачката група на „Брегалница“ – изјави Митев.

„Брегалница“ е дел од проектот на МВР „Стоп на насилството на стадионите“.
Доколку се докаже вина, штипскиот прволигаш се соочува со казна од 1.500 до 5.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...