fbpx

Физибилити студијата за Попова Шапка сè уште не е доставена до „ЕЛЕМ турс“, роковите течат

-

Длабинската финансиска анализа и физибилити студијата со модел на приватно-јавно партнерство, како и предлог модел за продажба за Попова Шапка, сè уште не се доставени од страна на компанијата „Прајсвотерхаус Куперс“ (Pricewaterhouse Coopers) до „ЕЛЕМ турс“.

„Анализите не се доставени бидејќи се уште течат законските рокови за подготовка на Анализата, согласно потпишаниот договор меѓу „ЕЛЕМ турс“ и „PWC“. Длабинската анализа (Due Diligence) подразбира и опфаќа длабинска анализа за претходните три години од 2016 до 2018 година) за финансиската, правната и даночната состојба на Подружница „Попова Шапка” – Тетово во чии рамки е ски – центарот „Попова Шапка”, како и хотелите  „Славија” и „Попова Шапка““, одговорија од „ЕЛЕМ турс“ за „Порталб.мк“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...