Физибилити студијата за Попова Шапка ќе биде претставена в понеделник во хотел „Славија“ на Попова Шапка во 13.15 часот. Таа е изработена од компанијата „PWC“, а нарачана од „ЕЛЕМ Турс“. Барањето за реализација на ваква студија дојде од Владата, со цел да се донесе одлука и за судбината на Попова Шапка, пишува „Порталб.мк“.
Физибилити студијата е студија за остварливост на концесија и јавно-приватно партнерство на филијалата „Попова Шапка“ – Тетово. Врз основа на студијата ќе се донесе и одлуката дали Попова Шапка ќе се даде под концесија или јавно-приватно партнерство.
Двете анализи, „дју дилиџенс“ (due diligence) и физибилити студијата првин ги има примено компанијата „ЕЛЕМ турс“ која потоа ги доставила до управниот одбор на „ЕЛЕМ“, од каде што имаат обврска да ги достават во Влада.
Двете анализи треба да се прифатат од Владата, за да потоа се донесе одлука за судбината на Попова Шапка.