„Fixigo“: Македонски стартап со енергетски самоодржлива платформа за помош на земјоделците

Фото: Fixigo - Михаил, Горјан и Филип

Филип, Горјан и Михаил се тројцата млади студенти што се основачи на стартапот „Fixigo“. Во пријатен разговор со нив откриваме дека станува збор за компанија што развива универзална платформа, бежична сензорска мрежа која е енергетски самоодржлива чија главна намена и цел е решавање на проблеми во индустријата и производството. Засега, оваа платформа е во состојба на валидирање на концептот во релеватната околина при што би се покажал бенефитот во назначената насока.

Најпрво ги прашавме кој начин функционира „Fixigo“, од каде идејата и кога ги поставиле првите нацрти за нејзиното создавање.

„Целата 2020 година беше голем предизвик за сите нас, во тој период имавме малку повеќе слободно време, а голема желба да правиме нешто. Предводени од тоа, креиравме наша платформа чија основна намена е решавање на проблеми во големи индустрии. Размислувавме во која насока може да истражуваме и се одлучивме за земјоделие, тргнавме од фактот што економијата во Македонија зависи од развојот на земјоделието кое за жал се соочува со големи проблеми. Нашата првична идеја беше да ја размислиме примената на една ваква платформа во земјоделието преку истражување на некои од проблемите со кои се соочува еден земјоделец во државава и со помош на тоа да го докажеме нашиот концепт“, започнува Филип.

Фото: Fixigo – Горјан и Михаил

„Платформата е всушност енергетски самоодржлива“, продолжува Горјан, „поради тоа што произведува енергија со помош на фотоволтаични (сончеви) панели и батерија. Карактеристиката на безжичност или мобилност означува дека може да се премести на различно место доколку на пример на друго место условите за мерење се попогодни. Платформата врши локално мерење на 9 почвени параметри во реално време, односно мониторинг и контрола на податоци што се собираат во една заедничка база на податоци каде се врши анализа на истите. Податоците се собираат преку сензори што ги мерат параметрите и по спроведената анализа се даваат известувања за критичните ситуации и соодветни препораки на земјоделецот што ги добива преку мобилна апликација. Овие препораки може им помогнат на земојделските компании и земјоделците индивидуалци да ги максимизираат своите приноси, да ги минимизираат своите трошоци и да помогнат во подобрување на квалитетот на нивните приноси. Приватните, јавните и истражувачките организации можат да добијат пристап до претходно акумулираните податоци  и со тоа да се помогне во понатамошен развој на земјоделскиот сектор“, објаснува Горјан.

Во врска со нивните предзнаења во областа, додека зброрувавме и двајцата се сложија дека немале речиси никакви. Првите чекори што ги презеле за развој на своите претприемачки знаења и способности биле онлајн крусеви и материјали достапни на интернет.

„По одредено време се појави повикот наречен „EU4Tech WB PoC” финансиран преку ИПА фондовите на ЕУ. Оттогаш започна посериозниот развој на проектот од бизнис аспект. Ние во моментот бевме во почетен развој на докажување на концептот. Прво имаше работилници преку кои се запознававме со стручните термини каде што работевме на практични примери. Тоа беше од голема помош, особено во периодот што следеше, кога работевме со експерти кои ни потпомагаа во едукативниот процес. Од програмата добивме понуда за финансиски средства што би помогнале да купиме материјали за развој на подобар MVP продукт. Исто така заслуги за развојот на нашите претприемачки способности имаат менторите од Технолошкиот Парк при Универзитетот на Југоисточна Европа кои се со нас од самиот почеток и тимот позади бизнис аксцелераторот УКИМ“, вели Филип.

Фото: Fixigo

Паралелно работеле на уште една пред-акцелераторска програма, „EIT Jumpstarter“ спроведена од страна Европскиот институт за иновации и технологија во чија завршна фаза успеале да влезат во потесните кругови oд 6 тимови во својата категорија од вкупно 700 пријавени.

„Контактите што ги развивме во програмата „EU4Tech” ни помогнаa да развиеме добар и уверлив Pitch и презентација за нашиот проект. Од таму ни помогнаа да оствариме контакти со графички дизајнер, ментори, агрономи. Работевме со луѓе од Италија и Полска и се одеше онлајн, и тоа што го имавме спремено тоа беше, одиме да презентираме. Успеавме да влеземе во гранд финале во програмата „Jumpstarter“ како едни од најветувачките шест тимови во Европа, препознаени као „Top 6 promising teams in Europe“ и се беше супер, само не успеавме да влеземе во најдобри три, ама секако дека и ова го сметаме за достигнување“, раскажува Филип, кој е студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии во отсекот за Енергетика, Автоматизација и обновливи извори на енергија.

Фото: Fixigo

Горјан и Михаил се трета година на Факулетот за информатички науки и инженерство каде студираат Софтверско инженерство. Како дел од тимот е и Даниел што работи во рекламниот дел за промовирање на фирмата и платформата на услуги што ја нудат младите иновативци.

„Напорите кои ги даваме и она за што се трудевме изминатите месеци а и сега е да ги докажеме придобивките кој ќе ги нуди нашата платформа. Со промена на одредени компоненти и прилагодување, освен во агрономската може да се примени во секоја друга област. Поради тоа бележи универзален, глоблен карактер“, истакнува Горјан.

Фото: Fixigo – Даниел, Горјан, Михаил и Филип

Како што раскажуваат младите основачи, кога започнале со идејата имале блиски познаници во улога на ментори, луѓе од сферата на електро-инженерството, економисти, софтверски инженери кои постојано ја охрабрувале нивната замисла и ги советувале да продолжат. Зборувале и со земјоделец објаснувајќи му го концептот, на кој начин би работела и каква придобивка би имал тој од мрежата што би ја поставиле. Како што велат, верувале во она што го прават иако имале моменти кога сакале да се откажат, продолжиле понатаму, што го води развојот на идејата до денешниот стадиум.

Фото: Fixigo – Горјан и Филип

„Во моментов работиме на тоа да лансираме и тестираме голем пилот проект во Македонија и Албанија и во однос на добиениот фидбек од страна на земјоделците да креираме најдобар продукт за на таргетираниот пазар. Насочени сме и кон тоа да се подгине свеста кон проблемите во земјоделието. Ќе организираме работилница на која би се гоговрело за проблемите со кои може да се соочи земјоделскиот сектор, но и едукација за млади во однос на тоа што сѐ може да направат со избраната насока на учење. Можеби токму она што ни недостасуваше нам кога почнавме. Има многу млади што се способни да произведат решенија кои би допринеле за решавање на проблемите во земјоделието и сметаме дека на овој начин би го поттикнале тоа. Оваа работилница ќе биде организирана со Македонската асоцијација на Обединетите Нации“, вели Филип.

Македонската агенција за вработување по девет месечен процес изнудила финанасиски грант што им помогнало официјално да ја отворат својата фирма. Аплицирале и во Фондот за иновации и технолошки развој каде што им бил одобрен проектот за финансирање.

Покрај учеството на прокетните работилници на почетокот, „Fixigo“ досега како говорници учествувале и на две панел дискусии во Скопје и во Трст, Италија каде говореле за нивното патешествие при развојот на својот проект, а нивната последна работилница била реализирана во Тирана, организирана од Министерстово за земјдоелие на Албанија во соработка со германската амбасада.

Следниот потег, како што посочуваат е да се придвижат кон насоката на тестирање и конечно имплементирање на нивната мрежа во агрономската индустрија, а понатаму и во останатите развојни стопански дејности.