fbpx

ФИТР основа Стартап совет за развој на стартап екосистемот

-

За првпат во земјава, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) формира Стартап совет чија примарна цел е да ја претставува стартап заедницата и да ги застапува нејзините интереси во процесот на креирање и носење на политики кои треба да придонесат за понатамошен раст и развој на македонскиот стартап екосистем, соопштија од ФИТР.

„Во следните 90 дена овој Стартап совет ќе работи на План за промена на политиките – ќе редефинираме што е стартап, ќе ги лоцираме проблемите, ќе работиме на предлог решенија и законски измени, поедноставување на административните процедури, поголема едукација, отворање можности за вмрежување на македонските стартапи и развој на стратегија за социјално претприемништво“, вели директорот на ФИТР, Коста Петров.

Како што вели тој, се создаваат услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за дигитални номади т.е државата на претприемачите од странство ќе им понуди можност да се преселат и да работат од овде. Овие луѓе ќе донесат позитивен ефект за локална економија и отворени шанси за соработка и вмрежување со македонските стартапи, смета Петров.

Главна цел на Стартап советот е да се креира краткорочна и долгорочна стратегија на ниво на држава, со што ќе се искористи експертизата на партнерите со цел брз развој на стартап екосистемот.

Претседател на Стартап советот ќе биде вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Членови на Советот во оваа фаза се Анета Пешева од МАСИТ, Дејан Алексов од Стартап Македонија, Ѓорѓи Рафајловски, Стефан Митевски и Бистра Кумбаровска како претставници на стартап заедницата кои ќе работат про боно. Стартап советот останува отворен за сите кои ќе сакаат да се вклучат со свои идеи и да дадат конкретен придонес, велат од ФИТР.

Инаку главна задача на Советот е лоцирање на проблемите и предлог решенија кои ќе одговорат на реалните потреби на претприемачите, односно стартапите. Советот ќе биде активен учесник во креирање на идните политики кои се однесуваат на овие компании, ќе предлага мерки насочени кон подобрување на организацијата на работењето на јавниот сектор и институциите што ќе резултира во поедноставени процедури и поквалитетни јавни услуги, како и препораки за намалување на товарот и трошокот врз стартапите со интервенции во правната регулатива и законската рамка со цел полесен пристап до капитал и негова мобилизација. Целта на овие активности е раст на бројот на стартапи и позиционирање на земјата како стартап и регионален хаб.

Дејан Алексов, претседател на Стартап Македонија и оперативниот директор на Технолошкиот Парк – SEEUTechPark на Универзитетот на ЈИЕ, Ѓорѓи Рафајловски очекуваат квалитетот и искуството на сите членови на Советот да даде силни решенија, особено во делот на “освежување” на регулативата која ќе биде во чекор со потребите на стартап компаниите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...