fbpx

ФИТР: Доставени над 500 предлог-решенија за полесно справување со кризата од Ковид-19

-

Вкупно 546 иницијативи пристигнале до Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во рамките на јавниот повик „Креатон“ наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од Ковид-19.

„Јавниот повик траеше 72 часа и ваквиот интерес е само показател за нивото на свест и желбата за придонес кај многу наши сограѓани, невладини организации и компании. Очигледно, и во вакви вонредни околности, креативниот потенцијал и солидарноста се силно изразени во нашето општество“, вели директорот на Фондот, Јован Деспотовски.

Иницијалните бројки покажуваат дека 57 проценти од иницијативите се поднесени од компании, здруженија или организации, а околу 43 проценти се поднесени од физички лица. Пристигнатите проекти нудат решенија во седум области – во најголем дел се наменети за образование и едукација, здравство и медицина, ИТ платформи и апликации, но и во доменот на медиуми и информирање, култура, маркетинг, трговија и финансии, како и забава и рекреација.

„Иницијативите, меѓудругото, опфаќаат решенија за справување со лажни вести, за полесно следење и ажурирање на официјални информациите поврзани со коронавирусот и превентивните мерки, како и следење на состојбата со лицата во самоизолација, дигитални платформи и училници, решенија за квалитетно искористување на слободното време во домот, дигитални книжарници, квизови и игри,  како и решенија за поефикасно работење онлајн и сл,“ информираат од ФИТР.

По првата фаза, за сите пред селектирани иницијативи ќе се определат 48 часа за изработка на детален план на активности и предлог-буџет. Апликантите чии предлог проекти ќе бидат избрани во фазата на финална селекција ќе имаат обврска да подготват јавна презентација на предлогот пред Комисијата. Јавната презентација на решенијата и евалуацијата ќе се врши онлајн преку видео-конференциска врска. Предлозите ќе се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.

Предлог-решенијата треба да се имплементираат во кус рок, и да бидат применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со Ковид–19 вирусот, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството. Вкупниот буџет е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10.000 евра во денарска противвредност.

Јавниот повик е заеднички потфат на ФИТР, Амбасадата на Швајцарија во Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и други партнери/експерти, што ќе ја реализираат и евалуацијата на пристигнатите иницијативи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе...