Илустрација / Фото: Danielle Cerullo, Unsplash

Фитнес клуб на бул. „Партизански одреди“ во Скопје ќе добие кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, откако по претходна пријава, полицијата извршила контрола во објектот каде биле затекнати седум лица.

„На 13.04.2021 г., по претходна пријава, полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје извршиле контрола во фитнес клуб на бул „Партизански одреди“ во Скопје, при што било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати сопственикот Ф.Б.(35) од Скопје и уште шест лица“, посочуваат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик.