Фисник Џелили од „Порталб“ добитник на награда за најдобро известување на локални теми

Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ беше доделена на Истражувачката Репортерска Лабораторија (ИРЛ)

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ги додели традиционалните годишни награди, оддавајќи признание на најистакнатите новинари и медиумски професионалци. За најдобро новинарско известување на локални и регионални теми, наградата ја доби Фисник Џелили од Порталб.мк за сторијата „Насилството меѓу учениците – сериозен аларм во Тетово “. Жири комисијата во состав Герман Филков, Душица Мрѓа и Сенат Зулбеари годинава ја додели наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ на Ѕвездан Ѓорѓиевски, како признание за неговиот траен придонес во македонското новинарство.
Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ беше доделена на Истражувачката Репортерска Лабораторија (ИРЛ).

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, кажа дека со овие награди се слави храброста, истрајноста и професионалноста на македонските новинари.

„Ги наградуваме оние што преку истражувачки приказни ја разоткриваат корупцијата и неправдата. Ги наградуваме оние што одат на терен, што зборуваат со луѓето, што пишуваат за гласовите кои ретко се слушаат. Ги славиме и оние кои преку своите колумни и анализи нè тераат да размислиме, да преиспитаме и да делуваме“, рече Чадиковски.

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје,...