fbpx

Фирмата од Желино што ги набави палмите, работела во Гостивар, Брвеница и во Аеродром

-

Фирмата „Россен центар“ од  село Стримница, Желино, преку која јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги набави палмите што нè чинат 500 евра од садница, имала уште неколку набавки.

На страницата на Биро за јавни набавки можат да се најдат пет тендери што ги добила оваа компанија.

Работела со општините Гостивар, Брвеница и Аеродром.

За хортикултурно уредување во Гостивар, фирмата добила два тендери, еден од 172.682 евра и вториот – 48.780 евра.

За Општина Аеродром набавила зимзeлени садници во вредност од 250 евра, a за Општина Брвеница за 81.300 евра го уредувала и го одржувала зеленилото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...