Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој од 29 ноември до 1 декември ќе организира ФинХакатон2 чија цел е изготвување на иновативна маркетинг-стратегија за новата наградна игра „МојДДВ, #МојаНаграда”.

„„ФинХакатон 2“ „МојДДВ,#МојаНаграда“ е наменет за маркетинг-агенции и други домашни компании регистрирани согласно законот за трговски друштва, кои може да понудат иновативна маркетинг стратегија. Со цел поддршка на младите, заинтересирани компаниите во својот тим ќе биде потребно да вклучат и студенти со најмалку запишани студии од областа на економија, право, организациски студии, дизајн, односи со јавност или сродни студии“, соопштуваат од Министерство за финансии.

Пријавувањето е до една минута до полноќ на 27-ми ноември, а натпреварувачите за три дена ќе треба да направат иновативна маркетинг стратегија за новата наградна игра. Буџетот за имплементирање на стратегијата за победничкиот тим ќе изнесува два милиони денари.

Сите детали за „ФинХакатон2“, „МојДДВ,#МојаНаграда”, како и формата за пријавување може да се најдат на веб-страниците на Министерството за финансии и Фондот за иновации и технолошки развој.