Финансиската вклученост на жените е еден од клучните фактор за економски напредок

-

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за веб-порталот „Пари.мк“ посочи дека финансиската вклученост на жените е еден од клучните фактори за економскиот напредок.

Гувернерката посочи дека родовата нееднаквост е едно од светските прашања за кои мора постојано да се зборува и да се преземат аквитности се почесто. Според истражувањата кои што ги спровела Светската банка, иако во последната деценија има одреден напредок, родовиот јаз кај сопственоста на сметките во економиите во развој и натаму е значителен.

Слична е состојбата и во нашата земја. Иако е забележано подобрување, родовиот јаз во пристапот до финансии сè уште постои. Според последните податоци, во 2021 година, 79,9% од жените и 90,6% од мажите во Северна Македонија поседувале платежна сметка. Овој родов јаз од 10,7 процентни поени е значително поголем од просекот во Европа и Централна Азија, каде што изнесува 3,2 процентни поена.

„Овие податоци не се само статистика – тие се јасен показател дека е неопходно да се преземат натамошни мерки за подобрување на финансиската вклученост на жените. Пристапот до финансии е од големо значење за нивната економска независност, подобро управување со личните и семејните финансии, како и за создавање посигурна иднина“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Пристапот до финансиски услуги создава можности за претприемаштво, инвестирање и активно учество во економијата. Достапноста до банкарски услуги, кредити и штедење придонесува за намалување на економските разлики и создавање подобри услови за живот на жените и нивните заедници. Исто така, родовата рамноправност во финансискиот сектор носи придобивки како за жените, така и за општеството во целост, преку поттикнување на економскиот раст и напредок.

„За да се надмине овој предизвик, треба да се направат промени во корпоративните политики, да се зголеми заложбата за финансиско образование и да се поттикне поголема застапеност на жените во лидерски улоги. Жените сè повеќе го освојуваат финансискиот свет, но за вистинска еднаквост е неопходно системско справување со препреките поради кои долги години биле на маргините“, додаде гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...