Финансиската полиција поднела кривична пријава за старите акумулатори, ама пред една година

Соопштение на Управата за финансиска полиција издадено во април 2024 година, во оваа објава на Фејсбук е презентирано како „нова вест“ во март 2025 година, пишува Вистиномер во написот кој го пренесуваме во целост

-

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува информација од соопштение на Управата за финансиска полиција за кривична пријава, којашто оваа управа ја поднела до Јавното обвинителство во Штип за измама со стари акумулатори. Објавата е од 28 март 2025 година, меѓутоа самото соопштение за поднесената кривична пријава до Јавното обвинителство е од 29 април 2024 година, речиси една година порано.

Текстот што се чита во прилогот пак, е преземен од медиумски напис на телевизија „Телма“ објавен овде, исто така објавен на 29 април 2024 година, кога навистина било издадено соопштението од Управата за финансиска полиција за конкретниот настан.

„Вистиномер“ го пронајде оригиналното соопштение кое е прикачено во форма на документ на следниот линк, а е објавено на страницата на Управата за финансиска полиција. Кога ќе се пристапи до документот од оригиналното соопштение на сајтот на Финансиска полиција, иако тоа не е прецизно датирано, сепак на соопштението стои годината која е 2024.

Извор: Управа за финансиска полиција, соопштение објавено во 2024 година

Во прилогот од објавата што ја рецензираме, пак, што е објавен на 28 март 2025 година, без да се наведе дека информацијата е речиси една година стара, се чита текстот:

Финансиската полиција објави дека во штипското обвинителството поднела кривична пријава за измама и фалсификување со што е направена штета на фирма за откуп на стари акумулатори во вредност од околу 3 и пол милиони евра. Осомничени се три лица и една фирма. Парите завршувале на сметка на отпад за стари акумулатори со лажни потврди за откуп на стока. Еден вработен во отпад и директорот на отпадот на акумулатори заедно со третиот соучесник, којшто е вработен во оштетената компанија правеле лажни фактури за наводно купување на акумулаторите иако во реалноста немало купување и преземање на стоката. Оштетената фирма ги плаќала фактурите со што, според финансиската полиција била измамена за 214 милиони денари односно за приближно 3 и пол милиони евра.

А овој текст е преземен од сајтот на „Телма“, каде што објавен речиси една година порано и презентиран како да е нова информација.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот. Финансиската полиција поднела кривична пријава против фирма и три физички лица, ама во 2024 година и информацијата е стара. Меѓутоа, во објавата што ја рецензираме таа е презентирана како да е нова информација без да се наведе од кога е, што ја прави објава во која се пропушта контекстот.

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот...

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Непознати вооружени лица го застрелаа и убија поранешениот украински политичар, Андриј Портнов, пред училиште во елитно предградие на Мадрид, пренесува Гардијан. Убиството на Портнов, кој бил висок советник на поранешниот проруско ориентиран...

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка...

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Македонија има Стратегија за паметна специјализација која дефинира области каде имаме потенцијал за развој, најважен ресурс за остварување на дефинираните цели е човечкиот капитал и токму во таа насока го обликуваме...

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа...