fbpx

Финансиска полиција и ОЈО по допрен глас влегле во скопското ЈП „Водовод и канализација“

-

Тимови на Финансиската полиција и Јавното обвинителство за организиран криминал од вчера, по допрен глас вчера влегле во ЈП Водовод и канализација, за да го проверат тендерот за Пречистителната станица. Оваа информација ја потврдија новиот директор на јавното претпијатие Марјанчо Митовски и градоначалничката Данела Арсовска.

Митовски истакна дека постапката за прочистителната станица на никаков начин не е загрозена и евалуацијата на понуди продолжува, без никакво мешање од негова страна.

Арсовска пред неколку дена најави дека до Обвинителството ќе достави документи за, како што рече, „местење“ на тендерот за Пречистителната станица на Вардар, проект кој е финансиран со заеми обезбедени од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а чија вредност изнесува 136 милиони евра.

Поради тоа го разреши директорот Златко Перински, по што тој`и порача дека инвеститорот – Европската инвестициска банка не ја дозволува промената на комисијата што таа ја бара.

Перински ја демантира Арсовска: ЕИБ потврдува дека секој чекор на Водовод и канализација е според правилата и процедурите

Перински како аргумент во своја полза вчера го објави мислењето од ЕИБ во кое се вели дека секој чекор на претпријатието со кое раководеше е во согласност со правилата и процедурите.

Исто така, според ЕИБ, обидите да се ревидира стратегијата за набавки, без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата.

Кон крајот на јуни годинава, по низата најави за почеток на градежните работи на овој објект во близина на селото Трубарево, којшто треба да го реши проблемот со третманот на отпадните води што непрекинато се вливаат во реката Вардар од над 500.000 жители на главниот град и кои датираат уште од 2019 година, за Мета.мк од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје изјавија дека во тек е техничката и финансиската евалуциона постапка на понудите пристигнати на тендерот, при што за оваа постапка се предвидува временски период од 3 до 6 месеци и истата е сè уште во тек.

Две години се одолговлекува изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, Вардар останува загаден

 

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...