Финансирањето во време на пандемија е најголемиот предизвик за младинските организации од Балканот

Фото: Facebook/SEEYN

Група претставници на младински организации од Балканот учествуваа на вториот по ред настан од серијалот „Кога младите го спасуваат светот“ кој го организира мисијата на ОБСЕ во Србија со Младинската мрежа на Југоисточна Европа.

Педесетина учесници на онлајн конференција го споделија своето искуство за тоа со какви проблеми се соочуваат младите и младинските организации во текот на пандемијата, но и дали и на каков начин се прилагодиле во новонастанатите околности.

Како најголеми предизвици за време на пандемијата, учесниците ги истакнаа одржливоста на организациите, односно финансирањето, компликации со проектите и донаторите, отежнатиот директен контакт во живо со младите, а во особено завидна ситуација се нашле оние организации коишто се занимаваат со работа на терен со млади од ранливи категории или рурални средини, за кои е потешко да се најде соодветен пристап во време на корона вирусот.

Но, со својата работа младинските организации веруваат дека преку информирање и понуда на едукативни, забавни и информативни содржини тие придонесуваат за младите. Воедно, тие го истражуваат нивното мислење за пандемијата и ги застапуваат нивните интереси. Во дискусијата, се напомена и фактот дека младите и организациите долгророчно може да влијаат во јакнеењето на младинскиот сектор така што ќе ја прошират својата работа преку дигиталните алатки, но и ќе развијат стратегија за пост-карантински стрес, како и програми за промоција на менталното здравје на младите.