„Филозофија и филм“ – меѓународна конференција во Кинотека на Македонија

На конференцијата која ќе се одржи денеска и утре во онлајн формат од 14 до 20 часот, ќе учествуваат 24 реномирани истражувачи на филм-филозофијата од целиот свет меѓу кои Дејвид Стерит и Луси Болтон

Фото: Филозофски филмски фестивал

„Филозофија и филм“ е името на втората меѓународна конференција која ќе се одржи во рамките на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал. На конференцијата која ќе се одржи денеска и утре во онлајн формат од 14 до 20 часот, ќе учествуваат 24 реномирани истражувачи на филм-филозофијата од целиот свет меѓу кои Дејвид Стерит и Луси Болтон.

Истражувачите кои ќе зборуваат на конференцијата во полето на филм-филозофијата, се од САД, Канада, Романија, Босна и Херцеговина, Шведска, Италија, Швајцарија, Турција, Шпанија, Велика Британија, Ирска, Португалија, Унгарија, Србија, Украина, Грција, Хрватска и Македонија).

Ќе говорат и светски познатите во ова подрачје на истражување, Дејвид Стерит и Луси Болтон. Инаку Филозофскиот филмски фестивал чија главна програма на 13. издание ќе се одржи во периодот од 2 до 9 јуни во Кинотека на Македонија.

Фестивалот е во организација на Филозофското друштво на Македонија и ќе се одржи со поддршка на Агенцијата за филм и Министерството за култура во соработка со Кинотека, Филозофскиот факултет, Амбасадата на Шпанија во Скопје, како и бројни други долгогодишни соработници и пријатели на Фестивалот .