Филолошкиот факултет одбележува 75 години постоење и 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Филолошки факултет
Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ / фото: Мета.мк

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ со програми предвидени за 13, 14 и 15 декември го одбележува патрониот празник за јубилејните 75 години постење и 100 годишнината од раѓањето на најзначајниот деец за македонската книжевност и јазик – Блаже Конески.

Вчера, 13 декември беше отворен Меѓународниот научен собир „100 години Блаже Конески и 75 години Филолошки факултет“ со поздравни обраќања и три сесии на теми за улогата, заложбите и делото на Конески за македонскиот јазик. Четвртата, петтата и шестата сесија се закажани за денеска – 14 декември, кои се од отворен тип и на кои може да се присуствува преку платформата „Зум“ на следниот линк. За денеска, во програмата се најавени и две предавања за областа на книжевност и културологија.

Утрешниот ден со почеток во 10 часот ќе биде проследен со промоција на јубилејни и актуелни изданија, биографии за Блаже Конески, како и монографии за факултетот, зборници и лингвистички студии во сферата на македонскиот јазик.

Првите предавања на Филолошкиот факултет се одржале на 16 декември 1946 година кога тој бил поделен на два отсека, Филозофскиот и Природно-математичкиот. Како посебен факултет е официјално конституиран во 1974 година.

Блаже Конески се вбројува меѓу еден од првите и единствени професорски профили во тој период и од 1997 година поради неговите заслуги за развојот на Филолошкиот факултет, македонистиката и на македонската наука воопшто, факултетот е именуван по него.

Од основањето до денес, на овој факултет дипломирале 9.000 студенти, оспособувајќи се како филолози за нивната професија во областа на обра­зо­ванието и за работни места во други дејности од хуманитарната област, односно наставници и научници, лингвисти и книжевни теоретичари, преведувачи и толкувачи, критичари од областа на книжевноста и културата, писатели и уредници.