fbpx

„Филмски ден на млада публика“ утре во Кинотека

-

Три филмови од кои два долгометражни и еден документарен се селектирани од страна на филмските експерти и тинејџери од цела Европа кои ќе бидат во трка за Наградата за најдобар Европски филм за млада публика за 2022, соопштува Агенцијата за филм. Наградата е посветена на европските филмови за публика помеѓу 12 и 14 години и претставува официјална категорија уште од 2012 година.

„Она што е карактеристично за оваа селекција е што победниците се бираат од млади  луѓе како жири и тоа од 42 европски земји кои ќе гледаат три филма он-лајн, но и во повеќе од 60 киносали во преку 70 европски градови. Mладите од нашата земја по петти пат ќе бидат дел од пан-европскиот настан „Филмски ден на млада публика“ кој утре истовремено ќе се случува низ европските градови. Настанот е предвиден да се одржи во Кинотеката на Македонија и да опфати млади на возраст од 12 до 14 години“, наведено е во соопштението од Агенцијата за филм.

Како што наведуваат оттаму, наградата е официјална категорија во рамки на Европските филмски награди огранизирани од страна на Европската филмска академија и ЕФА Продакшнс. Гласовите од Скопје ќе бидат соопштени преку видео клип во којшто ќе земат учество сите учесници со фокус на два учесници од нашето жири во улога на презентери. Настанот во Скопје е во организација на Европската филмска академија и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Во официјална конкуренција се филмовите: францускиот “Животно”, режирано од Сирил Дион, шведскиот “Кралица на комедијата” на Сана Ленкен и германскиот “Соништата се како диви тигри” на Ларс Монтаг. Големото финале ќе биде на прославата на Европските филмски награди на 10 декември во Рејкјавик.

Повеќе детали за филмовите можете да најдете на овој линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...