Кинотеката на Северна Македонија по веста за продолжувањето на зимскиот распуст ја продолжи својата програма „Кино утро“ со репертоар за уште една филмска недела за најмладите посетители.
Репертоарот е предвиден во периодот од 24 до 28 јануари. Овој пат, кон програмата е додаден филмот „СТЕЛА“ во режија на Стојан Вујичиќ што воедно е првиот македонски долгометражен филм со содржина за деца. Филмот ќе биде прикажан денес во 14:00 часот на 26 јануари (среда) во 14:00 и на 28 јануари (петок) во 14:00 часот.
Други филмови за деца што ќе се емитуваат неделава се:
- „Тајниот изум“ во режија на Дина Дума достапен во Кинотека денес во 12:00 часот, на 25 јануари (вторник) во 14:00 часот и на 28 јануари (петок) во 12:00.
- „Патешествието на принцот“, француски анимиран филм на Жан-Франсоа Лагиони, Гзавие кој ќе се емитува во четврток во 14:00 часот.
- „Кариран Нинџа“, анимиран филм од данскиот режисер Андерс Матесен и Торбјорн во Кинотека достапен на 25 јануари (вторник) во 12:00 и 27 јануари (четврток) исто во 12:00 часот.
- „Каламити Џејн“ анимиран филм од Реми Шаје (Rémi Chayé) на 26 јануари (среда) во 12:00 часот.
Дополнителни информации може да се најадат на следниот ЛИНК.