Филмот „Северен пол“ на Марија Апчевска ја освои главната награда на „ЗИНЕБИ“, фестивалот во Билбао

Фото: Агенција за филм на Северна Македонија

Последниот снимен краток филм на Марија Апчевска-Петровска успеа да ја добие главната, прва филмска награда на 63-то издание на ЗИНЕБИ – Билбао Интернационален Фестивал за Документарни и Кратки Филмови. Призанинето на овој фестивал му ја донесе на филмот и номинацијата на престижната манифестација Европски Филмски Награди (European Film Awards).

Покрај ова, филмот се кити со големи интернационални успеси, достигнувајќи номинација во категоријата за освојување на „Златната палма“ на 74 Кански Фестивал. Ова е првпат македонски краток филм да е во трката за „Златната палма“ избран меѓу 10-те кандидати за престижната награда од пријавените 3.739 филмови. Тој ја освои „Златната количка“ во конкуренција за најдобар краткометражен интернационален филм на Zagreb Film Festival. Има остварено номинации во категории за најдобар краткометражен филм на филмските фестивали во Сараево и Стокхолм, Auteur Film Festival во Србија, Balkans Beyond Borders и многу други

Филмот е во сценарио и режија на Марија, пруцент е Роберт Насков во продукција на „Кино Око“, копродуценти се Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ од „Сервиа филм“, одговорен за кинематографијата е Владимир Самоиловски а главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев.

За „Северен Пол“, филмската критичарка Ана Василевска пишува: „Студена атмосфера во која контрасно се случуваат страсни и интензивни превирања на женскиот и машкиот идентитет во раната фаза на адолесценција, снимен со голема посветеност и авторство е накусо оценката за краткометражниот филм „Северен Пол“ на режисерката Марија Апчевска-Петровска. Строгите критериуми на престижниот кански филмски фестивал се стопија пред ова филмско остварување и филмот стигна до официјалната конкуренција за „Златна палма“ за краткометражен игран филм. Иако е карактеристично за младите режисери понекогаш со нагласената емотивност да покриваат произволност во драматуршката конструкција, или пак рационална функционалност на филмската приказна, сепак „Северен Пол“ покажува авторска зрелост која не е дел од ова тврдење. Од друга страна, женскиот сензибилитет и проникливата перспектива на Апчевска дава една нова димензија на “читање“ на скандинавскиот интимистички филмски манир и отстапува од секаков локален контекст.

Трејлерот на „Северн Пол“:

Ова е третиот филм на Апчевска по успешните: „Амби“ и „Бардо“ што имаат достигнато број на номинации. Филмот „Бардо“ во 2012 година доби награда на Montpellier Mediterranean Film Festival во категорија на краток филм и на Меѓународниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки наградата Special Mention на кинематографот Владимир Самоиловски.