Филмот „Minnal Murali“ го донесе првиот оригинален индиски суперхерој

Фото: Официјален постер за филмот, IMDb

Филмската индустрија во Керала, Индија го создаде филмот за индискиот суперхерој што по емитување на светски познатата платформа, „Нетфликс“ наиде на голема поддршка и обожавање кај публиката.

Се работи за два машки ликови чија слабост е скршеното срце и кои истовремено се „погодени“ од силна светлина што им дава слични супер моќи. Нивните моќи се изострен слух, способност за придвижување на работите со умот и можност за трчање со преголема брзина. Двајцата поседуваат иста моќ, но прават различни избори и донесуваат различни одлуки што едниот го претвораат во суперхерој, а другиот во озогласениот негативец во секоја суперхеројска драма, по што доброто се бори со злото. Но, за разлика од Џокер и Бетмен, овие два лика не се насоечни кон уништување еден со друг, пишува Quartz india.

Дејството во филмот е поставено во рурална средина во Керала, 1990 година и својот протагонист (Tovino Thomas) и антагонист (Guru Somasundaram) ги претставува како облечени во правоаголни обелки врзани околу половината додека носат маски од јута, памучни крпи и детски костими додека изведуваат акции. Црвениот морнарски латекс костим на Минал дебитира само во моментот на кулминацијата.

„Американците се навикнати на стрипови и суперхерои. Во нашата култура, ние бележиме мистични суперхерои како Хануман и Рам. Нема поставена шема за креирање на домашен суперхерој, па сега додека сме во почетоците сакавме нашиот да биде приземен и поблизок до вистинскиот свет и луѓето во него“, изјавил за Quartz India, режисерот на филмот, Басил Џозеф.

Позитивниот суперхерој низ филмот се бори со полицијата со цел да го избегне својот живот на село и се обидува да мигрира во Америка. Антагонистот во филмот од ранлив човек се претвора во негативец со детална приказна за својата изгубена љубов, социјална изолација и ментална болест. Тука во филмот се отвараат социјални прашања по што менталната болест се третира како лош синдром, човек со светла боја на кожа се бори со човек со темна боја, а женските ликови што имаат самодоверба се соочуваат со закани. Ваквите пројави во филмската проекција се критикувани од многумина по што се посочува дека доколку филмот се претвори во франшиза потребно ќе биде да се обрне повеќе внимание при претставувањето на ваквите проблеми.

Филмот официјално излезе на 24 декември, а само два дена по својата премиера се најде на врвот на листата на најгледани филмови во четири држави, Индија, Оман, Катар и Обединатите Арапски Емирати и беше во десете најгледани филмови што не се на англиски јазик во 11 други држави. Досега има превод на 38 јазици и неговата публика постојано расте откако се најде на платформата „Нетфликс“. „Minnal Murali“ е во продукција на куќата „Weekend Blockbusters“ од Керала, Индија.