fbpx

Филипини: Милион лица евакуирани поради тајфунот „Хагупит“

-

Околу милион Филипинци бараат засолништа во црквите, училиштата и во другите привремени центри за евакуација поради тајфунот „Хагупит“ (Руби) кој се приближува кон земјата.

Тајфунот, кој се проценува дека ќе биде најсилниот што годинава го зафатил овој архипелаг во Југоисточна Азија, ќе погоди повеќе од половина од населението, вклучувајќи ги и заедниците кои минатата година беа уништени во супертајфунот „Хајан“.

Филипинските власти соопштија дека милиони луѓе се собрани во центрите за евакуација, бидејќи се очекува „Хагупит“ вечерва или во текот на утрешниот ден да ја погоди областа. Тајфунот „Хагупит“ е значително ослабен, поради што премина од категоријата супертајфуни во тајфуни. Тој во моментов се движи кон Филипините со брзина од 195 километри на час.

Минатата година во ноември, тајфунот „Хајан“ ги погоди Филипините со брина од 315 километри на час, при што загинаа 7.350 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...